Шеф на албанската мафија е уапсен во Грција по речиси две децении бегство. Полицијата го идентификувала додека седел во бар, благодарение на карактеристична тетоважа на десната подлактица, на која имал нацртано полугола жена.
Педесет и двегодишниот мафијаш, познат само како Луша, е осуден на десет години затвор за водење италијанско-албанска криминална организација специјализирана за трговија со луѓе и проституција.
За да го избегне апсењето, тој го променил своето име во официјалните документи, вклучувајќи го и пасошот. Сепак, неговиот обид бил неуспешен, а долгогодишната истрага и анализа на деталите довеле до негово апсење по 19 години бегство.