Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ДУИ, Бујар Османи, денеска преку видеопорака најави нова мерка од неговата програма.
Османи истакна дека доколку биде избран, во општинското комунално претпријатие ќе се формира посебен сектор за одржување на хигиената и чистотата на верските објекти.
Според него, оваа идеја, која произлегла од разговори со граѓаните и верски претставници, веќе наишла на позитивни реакции од двете заедници.
„Верските објекти конечно ќе се ослободат од оваа обврска со која досега сами се справуваа“, порача Османи, додавајќи дека ова е чекор кон зачувување на духовните простори и почитување на заедничките вредности во Чаир.