​Две лица уапсени во Аеродром, пронајдена дрога

Полицијата синоќа уапси две лица, Г.С. (42) и К.В. (31), откако при претрес во стан во општина Аеродром пронајде дрога.

​Претресот бил извршен со судска наредба, а во станот, кој го користел Г.С., била затекната и К.В.

​Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје пронашле и одзеле:

  • ​Две таблети
  • ​Марихуана
  • ​Грутчеста бела материја
  • ​Дигитална вага

​По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.