Ѓорѓиевски најави кружни текови, паркови и летни сцени на Кале

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави дека со својот тим направил увид на неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет во првите месеци од неговиот мандат.

​Тој најави неколку проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура, урбанизмот и културата во градот:

  • ​Завршување на клучката кај Момин Поток.
  • ​Изградба на кружен тек на улицата „Бутелска“.
  • ​Нов парк кај булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во Бутел.
  • ​Поставување летни сцени на скопското Кале и Аквадуктот.
  • ​Изградба на првата фаза од булеварот „Хрватска“.

​Ѓорѓиевски вети дека со овие проекти Скопје ќе добие „вистински сообраќајни решенија“ што ќе ја олеснат циркулацијата и ќе го направат градот пофункционален. Тој истакна дека ќе се градат нови паркови и зелени површини, а културата ќе се подигне на „високо ниво“.

​„Ќе понудиме решенија за Скопје кое ќе функционира, а не празна реторика“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека градот наскоро ќе добие нов лик, каков што заслужуваат неговите граѓани.