Ердоган ја предупреди турската опозиција: Нема да толерираме непочитување на судот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека владата нема да дозволи внатрешните конфликти во главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) да го нарушат јавниот ред.

​По седницата на Владата, Ердоган изјави дека „едно е да се критикуваат одлуките на судот, но да се каже „не го признавам“ судот е директен напад врз владеењето на правото“.

​Изјавата на Ердоган доаѓа откако судот во Истанбул го суспендираше раководството на ЦХП поради наводни нерегуларности на партискиот конгрес. ЦХП ги повика своите поддржувачи на протести, и покрај забраната за јавни собири, што доведе до судири со полицијата.

​Ердоган нагласи дека „никој не е над законот“ и дека неговата владејачка партија нема да дозволи „војната за функции во ЦХП да го попречи напредокот на земјата“.

​„Тие не направија ништо друго освен грабеж и поткуп. Сега се одговорни за тоа пред судството. Без разлика колку викаат и кукаат, нема да можат да спречат спроведување на правдата“, рече Ердоган.

​ЦХП ги отфрла обвинувањата за корупција и тврди дека случајот е политички мотивиран обид за слабеење на партијата.