​Каја Шукова: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ја блокираат изградбата на Пречистителната станица

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, денеска изјави дека поради блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска, е блокирана изградбата на Пречистителната станица во Трубарево.

​Според Шукова, отпадните води од канализацијата директно завршуваат во реката Вардар, загрозувајќи го здравјето на граѓаните и животната средина.

​На терен, таа посочи една од локациите на истек на отпадни води, нагласувајќи дека станува збор за проект вреден 196 милиони евра, од кои 68 милиони евра се грант обезбеден од Владата на СДСМ.

​„Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска, овој проект тапка во место и нема никаква отчетност и транспарентност“, рече Шукова.

​Планови за Пречистителната станица

​Во својата програма, Шукова најави три клучни чекори за реализација на проектот:

  • ​Завршување на првата фаза – Поставување на основните системи за прочистување и отпочнување на процесот на третман на отпадните води.
  • ​Втора напредна фаза – Усогласување со европските стандарди и обезбедување капацитет за третман на отпадни води за 650.000 жители.
  • ​Одржливост и повторна употреба – Повторна употреба на 90% од третираната вода, што е клучно во услови на климатски промени.

​Шукова заклучи дека на Скопје му е потребен модерен систем што ќе го намали загадувањето и ќе обезбеди подобар живот за сите, наместо скандали и партиски интереси.