​Гатузо по триумфот на Италија: Ова е најлудиот натпревар во мојата тренерска кариера

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Џенаро Гатузо, беше видно емотивно исцрпен по победата на неговиот тим од 5:4 против Израел, во натпревар кој беше решен во судиското продолжение со голот на Сандро Тонали.

​„Хаос. Ова е најлудиот натпревар во кој сум бил како тренер, но тоа е мој проблем, а не проблем на играчите. Ако сакаме да играме на одреден начин, мора да се подобриме“, изјави Гатузо.

​Тој додаде дека Италија играла „лудо“ бидејќи постојано напаѓала, што Израел го искористил за да ги казни на контранапад. „Кога водевме, можевме да се браниме подлабоко“, заклучи Гатузо.