Папата Лав денеска изрази сериозна загриженост за последиците од израелскиот напад врз Катар, нарекувајќи ја веста за нападот врз раководството на Хамас „многу сериозна“.
„Целата ситуација е многу сериозна. Не знаеме како ќе се одвиваат работите“, рече папата, пренесува Ројтерс.
Иако е познат по својот внимателен дипломатски јазик, првиот американски папа во последно време ги засили критиките кон израелската воена кампања.