Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорну, е именуван за нов премиер на Франција, соопшти вечерва Елисејската палата.
Ова назначување доаѓа откако претходниот премиер Франсоа Бајру денеска официјално поднесе оставка. Лекорну (39), кој е соработник на претседателот Емануел Макрон, доаѓа на чело на Владата по нејзиното разрешување од страна на францускиот Парламент.
Владата на Бајру траеше само девет месеци. Вчера, 364 пратеници од Националното собрание гласаа за недоверба на Владата, додека само 194 ја поддржаа.
Со ова, Макрон сега има опција да распише предвремени избори или да го избере својот петти премиер во рок од помалку од две години.