​Нов пожар на Скопска Црна Гора, „Дрисла“ сè уште гори

Вечерва е забележан нов пожар во близина на Скопје, на Скопска Црна Гора, со што продолжуваат да беснеат пожарите низ државата.

​Ова се случува откако Центарот за управување со кризи (ЦУК) последно извести дека на територијата на Македонија има 24 пожари на отворен простор, од кои четири се активни.

​Претходно денес се запали и депонијата „Дрисла“, која сè уште гори.