​Трамп најавува телефонски разговор со Путин и построги санкции кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да разговара со рускиот претседател Владимир Путин по телефон, или оваа недела или на почетокот на следната.

​„Да, тоа ќе се случи“, изјави Трамп вчера пред новинарите, нагласувајќи ја својата посветеност за решавање на конфликтот во Украина.

​Најавата за разговор доаѓа по викендот кога Русија изврши најтешко воздушно бомбардирање на Украина од почетокот на војната, при што главната зграда на украинската Влада во Киев беше погодена од руска ракета. Украина соопшти дека руските сили користеле најмалку 810 беспилотни летала и 13 ракети.

​По нападите, Трамп изјави дека „не е задоволен од целата ситуација“ и се закани со построги санкции врз Кремљ.