Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини Јавното обвинителство (ЈО) и јавниот обвинител Коцевски дека повеќе од година и пол не покренале ниту една постапка против поранешни функционери, и покрај индициите за криминал и корупција.
ВМРО-ДПМНЕ особено го истакнува случајот „Рекет 2“, за кој тврдат дека е прикриен. Според партијата, во случајот се вмешани поранешните функционери од СЈО: Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, кои наводно рекетирале познат скопски бизнисмен.
Партијата поставува низа прашања за кои бара одговор од ЈО:
- Кој бил рекетиран?
- Во кој временски период се случиле настаните?
- За колку средства и поради кои причини било извршено рекетирањето?
- Дали е вплеткан познат скопски адвокат и како функционирала шемата на рекетот?
- Дали се вмешани и поранешни функционери од СДСМ и ДУИ?
ВМРО-ДПМНЕ апелира до ЈО и Коцевски да го расчистат случајот, потенцирајќи дека „правда и одговорност мора да има“.