Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во својот годишен „Говор до нацијата“ пред Европскиот парламент изјави дека само обединета Европа може да биде независна и дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите.
Таа нагласи дека иднината на Западен Балкан, Украина и Молдавија е во Европската Унија.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци“, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека Европа е идеја за слобода и заемна сила, која е исто толку моќна денес како и по 1989 година, кога Истокот и Западот се обединија.
Фон дер Лајен повика на одржување на темпото на процесот на проширување, кој е базиран на заслуги.