Полскиот премиер Доналд Туск објави дека Варшава го активирала Членот 4 од договорот со НАТО, по ноќниот упад на најмалку 19 руски беспилотни летала длабоко на полска територија.
Што значи Членот 4?
Според Членот 4 од Северноатлантскиот договор, секоја земја-членка може да повика на консултации со своите сојузници во случај кога смета дека се загрозени нејзиниот територијален интегритет, политичката независност или безбедност. Ова е потег што иницира дискусија во рамки на Северноатлантскиот совет (NAC), но не повлекува автоматска воена акција.
Од своето основање во 1949 година, НАТО го има активирано Членот 4 седум пати пред денешниот случај, најчесто на барање на Турција и Полска.
Претходни активации на Членот 4:
- 2003 година: Турција побара консултации поради војната во Ирак.
- 2012 година: Турција двапати побара консултации по соборувањето на нејзин авион и смртта на цивили од сириски гранати.
- 2014 година: Полска го активираше членот поради руската агресија во Украина.
- 2015 година: Турција побара состанок по терористички напади.
- 2020 година: Турција побара консултации по смртта на турски војници во Сирија.
- 2022 година: Осум источноевропски земји, меѓу кои и Полска, побараа консултации по целосната инвазија на Русија врз Украина.
Со активирањето на овој член, Полска го става инцидентот на дневен ред на највисокото политичко тело на НАТО, со што се очекуваат разговори и потенцијални заеднички одлуки или акции.