Костовски: Ќе создадеме партнерски однос со угостителите

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, најави дека неговата програма предвидува воспоставување и унапредување на партнерскиот однос со угостителите. Целта е да им се овозможи полесно и побрзо добивање на сите потребни одобренија и дозволи за легално работење.

​Програмската мерка вклучува:

  • ​Информативни сесии и консултации со угостителите за законските услови.
  • ​Поддршка при подготовка на потребната документација.
  • ​Координација со институциите за брзо и ефикасно издавање на дозволите.
  • ​Редовна комуникација за навремено решавање на евентуални пречки.

​Костовски најави и други проекти во соработка со угостителите, како што се:

  • ​Изградба на „Urban River Place“, ново место со ресторани и кафулиња.
  • ​Организација на летни и зимски „Бели ноќи“ за да го направат Куманово град што живее 365 дена во годината.
  • ​Креирање специјална туристичка агенда за развој на понудата на градот.

​Тој заклучи дека програмата има за цел да ја зајакне довербата и долгорочната соработка помеѓу сите вклучени страни.