​Мицкоски: 12 милиони евра вложени во Општина Гази Баба

​Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека е импресиониран од развојот на Општина Гази Баба и од проектите што се реализираат под водство на градоначалникот Бобан Стефковски. По увидот во повеќе проекти, вклучувајќи спортски игралишта, детска градинка и витални улици, Мицкоски му честиташе на градоначалникот и на неговиот тим.

​Според Мицкоски, во Општина Гази Баба досега се вложени околу 12 милиони евра, со што, како што рече, „направени се десетици, стотици проекти коишто значат додадена вредност за животите на жителите“. Тој истакна дека кога Стефковски ја презел функцијата, „многу работи стоеја, да не речам речиси сѐ“.

​Мицкоски вети дека Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите на целата територија на државата, без разлика на политичката припадност на градоначалниците, бидејќи смета дека градењето и создавањето се најважни.