​Шукова: Скопје се соочува со водна криза, имам системско решение

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, изјави дека Скопје е во водна криза, која го нарушува основното човеково право на пристап до вода. Таа посочи дека населби како Ѓорче Петров, Гази Баба и Автокоманда со месеци се соочуваат со недостиг на вода, особено во летните месеци.

​Според Шукова, иако нема формални рестрикции, системот работи со намален притисок поради дотраена водоводна мрежа, огромни загуби на вода, диви приклучоци и недостаток на инвестиции.

​Проблеми со водоснабдувањето

​„Над 30% од водата се губи низ распукани и несанирани цевки, а вкупните загуби достигнуваат и до 50%. Изворот Рашче работи на граница на капацитет, а градот нема ниту стратегија, ниту решение на повидок“, изјави Шукова.

​Предложени решенија

​Како нејзин приоритет, Шукова најави сигурно и стабилно водоснабдување со следниве конкретни мерки:

​Итна санација на водоводната мрежа.

​Изградба на современ систем за собирање и пречистување на отпадни води.

​Намалување на загубите на вода.

​Искористување на дождовницата.

​Воведување нови технологии за водни пумпни станици и резервоари.

​„Скопје мора да има стратегија и мора да има вода – подеднакво за сите“, порача Шукова.