​Голманот на Рома, Миле Свилар, сака да игра за Белгија

​Талентираниот голман Миле Свилар вложува максимални напори за да добие дозвола од ФИФА да игра за репрезентацијата на Белгија, земјата во која е роден. И покрај тоа што настапуваше за помладите категории на Белгија, тој во 2021 година дебитираше за сениорската репрезентација на Србија во пријателски натпревар против Катар.

​Поради силната конкуренција во српската репрезентација, Свилар сега сака да се врати во белгискиот дрес. Ангажирал тим адвокати кои ќе бараат правна „дупка“ за да му го овозможат ова.

​Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ пишува дека Свилар, кој беше прогласен за најдобар голман во Серија А минатата сезона, е убеден во успехот. Неговата мајка е од Белгија, додека неговиот татко е славниот голман и поранешен југословенски репрезентативец, Ратко Свилар.