​Променливо и нестабилно време, можна појава на невреме во попладневните часови

Денешниот ден ќе биде со променливо облачно време, а во попладневните часови се очекуваат локален пороен дожд и грмежи. На одредени места постои можност за изолирана појава на невреме, со интензивни врнежи (над 15л/м²) и засилен ветер (над 60 км/ч).

​Минималната температура ќе се движи од 12 до 19 степени, додека максималната ќе достигне од 26 до 32 степени.

​Во Скопје исто така ќе биде променливо облачно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладне. Во одредени делови од котлината, процесите може да бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе изнесува 16, а максималната ќе достигне 31 степен.

​За утре, петок, се очекува краткотрајна стабилизација на времето, додека во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно се најавува нестабилно време на повеќе места, со локален дожд и грмежи, а на одредени локации процесите ќе бидат поинтензивни.