Американскиот режисер Тод Рохал го привлече вниманието на јавноста со својот најнов филм, со исклучително провокативен наслов – „Е*и ми го синот!“. И самиот режисер го опишува своето дело како „ѓубре“ наменето за „собирачи“, предизвикувајќи ги традиционалните холивудски правила.
Филмот, кој премиерно се прикажува на Филмскиот фестивал во Торонто (TIFF) во делот „Полноќно лудило“, е адаптација на субверзивниот француски стрип на Џони Рајан. Приказната ја следи доминантната мајка, која киднапира жена за да спие со нејзиниот деформиран син Фабијан. Според написот на „Варајати“, филмот е „субверзивно и лудо искуство“ кое прикажува неверојатно насилство и содржи сцени со нишање на гениталиите.
Рохал самиот му додели на филмот рејтинг Х, со што ја доведува во прашање границата на слободата на говорот. „Каде почнува и завршува нашата цензура?“, прашува режисерот.
Инспириран од неконвенционални режисери како Џон Вотерс и Џорџ Кучар, Рохал вели дека неговата цел била да пополни празнина во светот на кинематографијата. Тој сака да создава филмови кои не се компромисни и не се наменети за платформи како „Нетфликс“.
Рохал нагласи дека филмот е создаден исклучиво за кино прикажување и дека нема да биде достапен на стриминг сервиси. „Од самиот почеток беше направен да не се стримува. Не сакаме да го продадеме на Нетфликс“, вели тој, додавајќи дека сака да биде искуство за публиката која ќе се „протне“ да го гледа во кино.
Се очекува филмот да започне да се прикажува во независните кина низ САД до средината на октомври.