Десет лица од раководството на турскиот „Џан холдинг“, сопственик на влијателни медиуми како „Show TV“, „Habertürk“ и „Bloomberg“ Турција, се уапсени во голема полициска акција на Главното обвинителство во Истанбул, јави онлајн изданието „Хуриет“.
Апсењата се извршени по обвиненија за формирање организирана криминална група, измами и перење пари. За време на операцијата, запечатени се 121 фирма на холдингот. Полициските тимови продолжуваат со претреси во канцелариите на Таксим, како и во автомобилите и домовите на уапсените.
И покрај акцијата, медиумите во сопственост на „Џан холдинг“ продолжуваат со редовното емитување на програма, а нивните веб-страници функционираат без прекин. Од холдингот сè уште нема официјален коментар за настанот.