​СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е виновна за еколошката катастрофа во Скопје, Мицкоски и градоначалниците не презедоа ништо

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) излезе со соопштение во кое ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за еколошката состојба во Скопје, тврдејќи дека градот и регионот се соочуваат со еколошка катастрофа поради нерешениот проблем со дивите депонии.

​„На Скопје и на пола Македонија им се заканува еколошка катастрофа поради тоа што четири години ВМРО-ДПМНЕ не мрдна со прст да го реши проблемот со депониите“, се вели во соопштението.

​СДСМ посочува дека илјадници граѓани се изложени на канцерогени материи бидејќи, како што велат, „неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ дозволи дивите депонии да станат еколошки бомби“.

​Во соопштението се нагласува дека ВМРО-ДПМНЕ ветиле чистење на депониите и изнаоѓање решение, но по четири години, резултатот е „задушен град и огромен ризик по здравјето на скопјани“.

​СДСМ го повика претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски, да излезе и да им објасни на граѓаните зошто не се решени проблемите со депониите Вардариште и Дрисла.

​„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го загушија Скопје и ја трујат Македонија, и токму тие се најголемите виновници за еколошката катастрофа што се случува“, се заклучува во соопштението.