Кристијан Ериксен пред трансфер во Бундеслигата

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (33) е пред трансфер во Бундеслигата, каде што се очекува да го облече дресот на Волфсбург. Според данските медиуми, тој веќе е на пат кон Германија за да ги заврши сите формалности и да го потпише едногодишниот договор.

​Ако ги помине лекарските прегледи, Ериксен ќе се приклучи на веќе постоечката данска колонија во клубот, која ја сочинуваат Јоаким Меле, Јеспер Линдстром, Андреас Сков Олсен, Адам Дагим и Јонас Винд.

​Голем удел во реализацијата на овој трансфер има и спортскиот директор на Волфсбург, Петер Кристијансен, кој исто така е Данец.

​Ериксен доаѓа како слободен играч, откако ова лето ја заврши својата соработка со Манчестер јунајтед.