Ученик отворил оган во средното училиште „Евергрин“ во предградие на Денвер, Колорадо, при што повредил двајца тинејџери, пред да го насочи пиштолот кон себе и да се самоубие, соопштија локалните власти.
Инцидентот се случил околу 12:30 часот по локално време. Портпаролката на шерифската канцеларија на округот Џеферсон, Џеки Кели, изјави дека истрели биле испукани и внатре и надвор од училишната зграда. Полициските службеници пристигнале на местото на настанот за само пет минути и го пронашле напаѓачот.
Кели потврди дека ниту еден од полицајците не испукал куршум. На местото на настанот веднаш се упатиле над 100 полицајци од околните подрачја за да помогнат во ситуацијата.
Двајцата повредени ученици веднаш биле пренесени во болница, а властите соопштија дека напаѓачот им подлегнал на повредите.
Овој трагичен настан потсетува на едно од најсмртоносните пукања во историјата на САД, кое се случи во 1999 година во средното училиште „Колумбајн“ во истиот округ, каде што загинаа 14 лица. Средното училиште „Евергрин“ има повеќе од 900 ученици.