Скопската полиција вчера го уапси М.Ј. (41) од Скопје под сомнение дека сторил кривично дело „лихварство“. Апсењето се случило во 15:00 часот, по пријава од Ј.А. (41), исто така од Скопје.
Според пријавата, во јануари 2025 година, Ј.А. позајмил 4.500 евра од М.Ј. за операција на својата мајка. Веќе во февруари, М.Ј. почнал да бара враќање на парите, а бидејќи Ј.А. не можел да ги врати, лихварот во повеќе наврати му барал месечна камата од 36.000 денари.
Во понеделникот, на 9 септември 2025 година, двајцата се сретнале, а М.Ј. му покажал на Ј.А. тефтерче во кое била запишана сумата што ја должи, како и имиња на други негови должници.
Полицијата, со судска наредба, извршила претрес во домот на осомничениот, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомневање дека се поврзани со кривичното дело.