ВМРО-ДПМНЕ реагира на изборната програма на кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, тврдејќи дека нејзините ветувања за решавање на еколошките проблеми се празни.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, заедно со поранешниот премиер Зоран Заев, уште пред седум години ветувале здрава животна средина и чист воздух, но не направиле ништо додека биле на власт.
Од партијата ја обвинуваат Шукова, која била долгогодишен државен секретар и министерка за животна средина, дека „20 години не направи ништо за Вардариште“, а сега повторно го користи проблемот во кампањата.
„Шукова да не ја потценува интелигенцијата на народот. Граѓаните знаат дека резултатите се нула, а токму во време на СДС беа тргнати чуварските служби од Вардариште и Дрисла, со што дополнително се влоши ситуацијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата нагласува дека граѓаните на Скопје заслужуваат конкретни проекти и резултати, а не популизам и празни зборови. На крајот од соопштението, ВМРО-ДПМНЕ порача дека тие и нивниот кандидат Орце Ѓорѓиевски нудат вистински решенија и посветеност за подобра животна средина.