​„Оне Македонија“ е единствен понудувач за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави дека ја заврши постапката за јавниот тендер за доделување радиофрекфенции за трет мрежен оператор. Единствен понудувач на тендерот е „Оне Македонија телекомуникации“, дел од унгарскиот „Фор-ај-џи“.

​Директорот на АЕК треба да донесе одлука за избор на најповолен понудувач по завршувањето на локалните избори, закажани за 19 октомври.

​Од АЕК за МИА информираат дека по јавното отворање на понудите на 22 август, Комисијата за спроведување на тендерот изготвила извештај и го доставила до директорот. Со оглед на тоа што имало само еден понудувач, директорот донел одлука за завршување на постапката, согласно Законот за електронски комуникации.