ДУИ го предизвика Изет Меџити: Поднеси оставка и излези на избори како рамноправен кандида

На денешната прес-конференција, Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати остра порака до кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити. Портпаролката на партијата, Имране Велиу, го повика Меџити да поднесе оставка од функцијата заменик-претседател на Владата и министер за екологија.

​„Граѓаните и целата јавност гледаат една очигледна вистина, Изет Меџити сè уште не се осмелува да поднесе оставка од функцијата… Овој негов став е доказ за стравот од катастрофалниот пораз што го очекува на 19 октомври,“ порача Велиу.

​ДУИ го предизвика Меџити да се откаже од државните функции и да излезе на избори како рамноправен кандидат, без привилегии и злоупотреба на државните ресурси. „Ако е толку сигурен во својата победа, нека им покаже на жителите на Чаир дека има достоинство и храброст. Но сите знаеме, тој е зависен од власта, а не од слободната волја на граѓаните,“ додаде таа.

​Од ДУИ потсетија дека жителите на Чаир, наводно, не ги заборавиле двете децении на неисполнети ветувања, нефункционална инфраструктура и назадување на општината, која била „заложник на лични и клановски интереси“.

​Соопштението заврши со силни пораки дека на 19 октомври граѓаните ќе испратат историска порака: „Крај на измамите, крај на злоупотребите, крај на вечната власт на Изет Меџити!“.