Генералниот секретар на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Бранко Радуљко, потврди дека Драган Стојковиќ – Пикси останува на селекторската позиција и покрај тешкиот пораз од 0:5 против Англија.
Во моментов, фокусот на српската репрезентација е на претстојниот дуел со Албанија, кој е клучен за пласман во плејофот за Светското првенство.
„Имаме играчи кои не заборавиле да играат фудбал, играат во сериозни клубови… и верувам дека можат да го сторат тоа и овој пат“, рече Радуљко.
Србија е на третото место во групата со седум бода, додека Албанија е втора со осум бода. Двете репрезентации ќе се сретнат на 11 октомври.