Меџити: Започнува реконструкција на улицата „Ферид Мурати“ во Чаир

Заменик-премиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, денес најави почеток на еден од најголемите инфраструктурни проекти во општина Чаир – целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати“.

​Проектот, кој се реализира во соработка со општина Чаир, Светска банка и Министерството за транспорт, е вреден 1 милион евра.

​Реконструкцијата на улицата со должина од еден километар опфаќа:

  • ​Комплетно асфалтирање
  • ​Две регулирани коловозни ленти
  • ​Стандардни тротоари и велосипедски патеки
  • ​Легално паркирање
  • ​Нов систем за улично осветлување
  • ​Замена на семафорите со модерен кружен тек

​Според Меџити, работите се очекува да завршат до март 2026 година. Оваа инвестиција, како што истакна, ќе обезбеди современи услови за движење на граѓаните, побезбеден сообраќај и функционален простор за жителите на Чаир.