Стаменкоска Трајкоска: Кисела Вода заслужува многу, имам план со Орце Ѓорѓиевски

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска, во гостување на ТВ Алфа зборуваше за својата кандидатура и посветеноста што ја бара функцијата.

​Таа нагласи дека има тесна соработка со кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и дека заедно ќе работат на решавање на проблемите на граѓаните.

​„Ние мораме да знаеме со какви проблеми е општината или делот од каде што живееме, бидејќи тоа е микросредина која што на нас ни е многу битна. Тоа е нашиот дом“, рече Стаменкоска Трајкоска.

​Според неа, функцијата градоначалник бара голема пожртвуваност, енергија, фокус и посветеност. Таа призна дека предизвикот да биде жена-градоначалник ѝ дал дополнителен мотив за да се посвети на оваа улога.

​„Општина Кисела Вода е општина која што навистина заслужува многу“, заклучи таа, најавувајќи дека ќе се работи многу за подобрување на условите во општината.