​ДУИ го обвини Мицкоски за тишината на Обвинителството во случајот против Изет Меџити

Демократската унија за интеграција (ДУИ) одржа прес-конференција пред Јавното обвинителство во Скопје, обвинувајќи ги властите за неактивност во случајот против Изет Меџити и Висар Ганиу. Портпаролката на партијата, Бесарта Алија, порача дека „обвинителството молчи, но народот нема да молчи“.

​ДУИ потсети дека пред повеќе месеци, градоначалничката на Скопје поднела кривични пријави против Меџити и Ганиу за „стотици дивоградби, фалсификувана документација и манипулации со комуналии“. И покрај, како што тврдат, илјадниците докази, Обвинителството сè уште не презело никаков конкретен чекор.

​Алија директно праша „кој ја наредил тишината“ и дали станува збор за политички пазар. Таа изрази сомнеж дека досието за Меџити се користи како средство за уцена од страна на Христијан Мицкоски, додека Меџити за возврат молчи пред проектот за „Српскиот свет“.

​ДУИ ова го нарече „двојно предавство“ – кон законот и кон Албанците.

​Партијата упати и остро предупредување до Изет Меџити, нагласувајќи дека на 19 октомври, „денот на референдумот на Албанците“, народот на Чаир ќе пресуди.

​„Правдата може да молчи денес, но тогаш ќе зборува гласно. А зборот на народот е посилен од секоја уцена, досие или таен договор“, заклучи Алија.