​САД ја повикаа Јапонија да не ја признае Палестина

Според јапонската новинска агенција „Кјодо“, САД ја повикале Јапонија да не ја признае Палестина како независна држава за време на претстојната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации кон крајот на септември.

​Овој американски повик доаѓа откако Франција и Велика Британија најавија чекори кон признавање на палестинската државност, со цел да се изврши притисок врз Израел да ја прекине повеќемесечната опсада на Појасот Газа.

​Во овој контекст, Франција и Саудиска Арабија планираат да бидат копретседатели на голема меѓународна конференција на 22 септември во Њујорк, со цел да се постигне конкретен напредок кон решение за две држави – Израел и Палестина.