Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, за „Фокс њуз“ изјави дека со „висок степен на сигурност“ напаѓачот на десничарскиот активист Чарли Кирк е фатен и се наоѓа во притвор.
„Со висок степен на сигурност мислам дека го имаме“, рече Трамп. „Тој е во притвор“.
Трамп додаде дека напаѓачот бил пријавен од „некој што бил многу близок до него“.
Убиството на Чарли Кирк е дел од серијата политичко насилство во САД во последните години, вклучувајќи го и обидот за атентат врз самиот Доналд Трамп, како и нападот на Капитол.