Најдобриот стрелец на Црвена Звезда од минатата сезона, Шериф Ендиај, ја продолжи кариерата во Турција, потпишувајќи за Самсунспор.
Според српските медиуми, српскиот шампион заработил шест милиони евра од трансферот.
Ендиај денеска треба да замине за Турција на медицински прегледи, по што ќе потпише четиригодишен договор. За него ова е враќање во Турција, бидејќи во Црвена Звезда дојде од клубот Адана, каде што играше две сезони.
Во дресот на Црвена Звезда, сенегалскиот напаѓач постигна 40 гола и имаше 12 асистенции на 89 натпревари. Тој освои две „двојни круни“ и беше најдобар стрелец во првенството минатата сезона.