Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ го претстави Дејан Трајковски, попознат како Џонсон, како носител на победничката листа на советници.
Џонсон е пензиониран началник на сообраќајната полиција со долгогодишно искуство во безбедноста. Според објавата, тој е познат по својата посветеност, чесност и искрена желба да ги решава проблемите на граѓаните.
„Јас, Џонсон и кандидатите на советничката листа сме тим кој ќе работи чесно, одговорно и посветено за нашата општина. Не ветуваме чуда, ама ветуваме многу работа и упорност за Ѓорче да го направиме подобро место за живеење!“, се вели во објавата.