Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Шефот на ФБИ, Кеш Пател, потврди дека е уапсен осомничениот за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк. Убиецот е идентификуван како Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута.

​Робинсон е уапсен 33 часа по убиството на Универзитетот Јута Вели. Апсењето е резултат на дојава од семеен пријател, кому член на семејството на Робинсон му соопштил дека тој наводно го извршил злосторството.

​Истражителите пронашле пушка и куршуми со натписи како „Hey fascist! Catch!“ и „Bella Ciao“.

​Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, информираше дека Робинсон се предал во Вашингтон, мало место на околу 420 километри од Солт Лејк Сити. По неговото апсење, канцеларијата на гувернерот објави и фотографии од Робинсон.