Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи во Струга и Полициската станица за гранични проверки во Ќафасан.
Од раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга, министерот бил информиран дека безбедносната состојба во регионот е стабилна, со забележителни резултати во справувањето со насилниот криминал и напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност.
Во пресрет на локалните избори, веќе се преземаат оперативни активности за да се обезбеди мирен и безбеден изборен процес.
Во однос на граничниот премин Ќафасан, министерот истакна дека во текот на летната сезона е забележано зголемување на бројот на патници. За да се реши проблемот со гужвите, во соработка со албанските колеги, се работи на имплементација на системот „One Stop“ кој, заедно со инфраструктурни прилагодувања, треба трајно да го забрза протокот на патници и возила.