Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, остро реагираше на пожарот во Трубарево, обвинувајќи ги властите дека го префрлаат проблемот со загадувањето врз сиромашните граѓани.
„Море политичари, стручњаци и сите останати на платен список, кои со години трубат дека СИРОМАШНИТЕ се проблем за загадувањето… да одите сега во Трубарево да видите како тоа изгледа кога гори електронски отпад во близина на градинка!“, напиша Мециновиќ.
Тој посочи дека недостатокот на регулации и инспекции дозволуваат да се случуваат вакви еколошки катастрофи, додека „индустриските загадувачи си пукаат текстил (ПЛАСТИКА) у фурните“.
Мециновиќ им изрази поддршка на пожарникарите, нарекувајќи ги „херои“ и повика на итно обезбедување на сè што им е потребно. Тој бара од властите да имаат „експедитивен одговор“ на ваквите ситуации.