​Армијата интервенираше во Трубарево, фрлени 55 тони вода

​Армискиот хеликоптер на АРМ вчера изврши 22 прелети и активно учествуваше во гаснењето на големиот пожар во скопско Трубарево.

​Во мисијата за гаснење, која траеше од 15:10 до 17:10 часот, хеликоптер од типот Ми-8/17 испушти вкупно 55 тони вода врз најзагрозените делови на теренот, информираат од АРМ.

​Со навремената и ефикасна интервенција, припадниците на Армијата дале значаен придонес во стабилизирањето на ситуацијата, спречувајќи понатамошно ширење на огнот.

​Од АРМ додаваат дека воздухопловните сили остануваат во состојба на зголемена готовност, ја следат состојбата на терен и се подготвени за повторна интервенција доколку е потребно.