​Ангелов: Пожарот почнал со палење кабли, имам информации дека е платено за тоа

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, изјави дека почетниот пожар во Скопје е од палење кабли. Тој неофицијално добил информации дека на лицата што ги палеле каблите им било платено да подметнат пожар таа вечер, а потоа и следниот ден.

​Во изјавата, Ангелов се осврна и на податоците од Обединетите нации (ОН) дека 25% од територијата на Македонија е зафатена од пожари. Тој ги нарече овие податоци „глупост“.

​„Ова е глупост. Обединетите нации измериле колку изгорело во Македонија? Двојна глупост е ако е на ОН“, рече Ангелов.

​Според него, оваа година е изгорена помала површина од лани. „Ако они мереле трева и грмушки, тоа е друго“, додаде тој.