​ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е хипокрит, наутро сеат страв, навечер прават журки

​Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ остро реагираат на однесувањето на СДСМ и го обвинуваат за хипокризија. Тие тврдат дека додека Венко Филипче и неговите сопартијци наутро апелираат до граѓаните да не излегуваат од дома поради загадувањето од пожарите, навечер прават забави во Градскиот парк и се фотографираат.

​„И сега што е вистина, опасно е, седете дома, или одете во парк“, се прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека станува збор за подметнување пожари со цел да се создаде вештачка криза.

​„Очигледно затоа што не е реално за неколку дена да горат само депонии ли да се отвора секој ден ново жариште. Справувањето од страна на надлежните со пожарите летово беше евидентно, па некој од групацијата СДС-ДУИ очигледно одлучи да се поигрува со граѓаните и да потпалува депонии“, стои во соопштението.

​Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека скопските градоначалници четири години се бореле за справување со отпадот и чист воздух без помош од централната власт, додека „групацијата СДС-ДУИ само им одмагаше“.

​На крајот од соопштението, владејачката партија најавува дека по расчистувањето на случајот, ќе има одговорност за сите инволвирани.