Вечерва, во Рига, кошаркарските репрезентации на Германија и Турција ќе се борат за шампионскиот трофеј на машкиот Евробаскет. И двете селекции влегуваат во финалето со максимален учинок од осум победи, што ја потврдува нивната доминација на првенството.
Актуелниот светски шампион, Германија, ќе има шанса да ги обедини светската и европската титула. За Германците ова ќе биде второ европско финале, по поразот од Грција во 2005 година.
И Турција ќе го брка своето прво злато. Тимот на селекторот Атаман покажа одлична игра и заслужено се пласираше во финалето. Нивното единствено претходно финале беше во 2021 година, кога беа поразени од тогашна СР Југославија пред домашната публика во Истанбул.
Натпреварот за шампионската титула започнува во 20 часот.
Претходно, во 16 часот, за бронзениот медал ќе се борат репрезентациите на Финска и Грција.