​Левица излегува со македонски кандидати во Струга, Тетово и Гостивар

​Партијата Левица објави дека е единствената партија од македонскиот политички блок која ќе има свои кандидати за градоначалници во општините Струга, Тетово и Гостивар.

​Кандидати на Левица се:

  • ​Јована Мојсоска во Струга, актуелна пратеничка и генерален секретар на партијата.
  • ​д-р Катка Божиновска во Тетово, доктор на правни науки.
  • ​Дарко Грујоски во Гостивар, ИТ-специјалист.

​Од партијата посочуваат дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која се откажала од свои кандидати поради коалициски договори, Левица останува доследна на своите принципи, нудејќи луѓе со знаење и интегритет кои ќе ги бранат интересите на граѓаните.

​„Гласот за Левица е глас за вистинска промена и достоинствено претставување!“, се вели во објавата на партијата.