Две малолетни лица се здобиле со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово во селото Марино, општина Илинден.
Во несреќата учествувале патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски таблички, управувано од С.Ј. (36) од Гевгелија, и мопед управуван од 16-годишник од село Идризово.
Малолетниот возач на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка се здобиле со тешки телесни повреди, кои им се констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Возачот на автомобилот и неговиот сопатник се со полесни повреди.
По извршениот увид, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица под сомнеж за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.