​Две жени нападнале и снимале девојка во Штип

Две жени нападнале 21-годишна девојка во Штип, а инцидентот се случил во саботата околу 22 часот. Според полицијата, додека жртвата се движела низ градот, била пресретната од две жени. Едната од нив, 28-годишна жителка на Кочани, насилно ја внела во автомобил, кој го управувала другата жена.

​Насилството продолжило во една од штипските населби, каде девојката била физички нападната. За време на нападот, осомничената го снимала инцидентот со својот мобилен телефон.

​Утрото по настанот, полицијата од Кочани ја привела 28-годишната жена. Случајот е документиран и расчистен, а против неа ќе биде поднесена кривична пријава.