На претстојните локални избори, осумнаесет кандидати ќе се борат за функцијата градоначалник на Скопје, доколку нивните листи бидат потврдени од Државната изборна комисија (ДИК).
Според ДИК, до завршувањето на рокот за поднесување кандидатури, се поднесени вкупно 312 листи за градоначалници и 575 листи за советници во 80 општини и Градот Скопје. Најголем број на кандидати се пријавени токму за Скопје, со 18 листи за градоначалник и 20 листи за членови на Советот.
Календар на изборниот процес
- 14 септември: Општинските изборни комисии (ОИК) започнаа со проверка на поднесените листи.
- До 20 септември: ОИК ќе ги достават потврдените листи до ДИК.
- До 25 септември: ДИК ќе ја одржи ждрепката за утврдување на редоследот на единствената листа на кандидати.
- 19 октомври: Прв круг од локалните избори.
- 2 ноември: Втор круг од локалните избори.
Официјалната изборна кампања ќе започне 20 дена пред денот на гласањето.