​МВР презема мерки за еколошки криминал, повикани четири лица на разговор

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека МВР спроведува истрага за еколошкиот криминал поврзан со пожарите. Тој потврди дека четири лица се повикани на информативен разговор, а дел од нив веќе се под мерки предложени од јавен обвинител.

​„Будни сме, присутни сме, МВР ги презема сите потребни дејствија. За секој за кој ќе има докази дека учествувал во ваков тип на криминал ќе следуваат соодветни пријави. Граѓаните заслужуваат безбедна и чиста Македонија“, изјави Тошковски.

​Тој нагласи дека истрагата ќе оди „најдлабоко до каде што може“ и ги повика сите институции, особено Министерството за животна средина, да се вклучат во преземањето мерки. Според него, коренот на проблемот лежи во децениското нефункционирање на институциите, раководени од несоодветен кадар и без почитување на професионалните стандарди.