​УНИШТЕНИ ЧЕТИРИ ТОНИ ДРОГА И СТОТИЦИ ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ ВО „МАКСТИЛ“

Во „Макстил“ во Скопје денеска беше уништена голема количина на дрога и оружје во присуство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и претставници од надлежните институции.

​Уништувањето е реализирано преку горење во електропечка, а се работи за:

  • ​Над четири тони марихуана
  • ​18.000 стебла марихуана
  • ​Над 79 килограми цвет од марихуана
  • ​Над 21 килограм други видови дрога, вклучувајќи амфетамини, хероин и кокаин.

​Дополнително, уништени се и стотици парчиња оружје и над 1.000 парчиња чаури и други компоненти.

​Министерот Тошковски истакна дека ова е јасна порака дека „дрогата и нелегалното оружје немаат иднина во Македонија“. Тој додаде дека со секој уништен грам дрога или парче оружје, безбедноста на граѓаните се зголемува.

​Тошковски нагласи дека полицијата решително ја спречува нелегалната трговија со дрога и оружје, а запленетите количини ефикасно и безбедно ќе бидат уништувани.