​Скандалозен учинок на Рубен Аморим: Најлош менаџер на Манчестер Јунајтед од Втората светска војна

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, има катастрофален учинок од неговото доаѓање во Премиер лигата. По очајната прва сезона, тој ужасно ја започна и оваа, освојувајќи само четири бода во првите четири кола, што го позиционира тимот на 14-то место на табелата.

​Неговиот биланс во Премиер лигата со Јунајтед е само 8 победи, 7 нерешени и дури 16 порази, со негативна гол разлика од -13.

​Процентот на победи на Аморим во Премиер лигата е мизерни 25,8%.

​Неговиот вкупен процент на победи од кога е на клупата на „црвените ѓаволи“ е 36,17%, што го прави најлошиот менаџер на клубот од Втората светска војна наваму.

​За споредба, Ерик тен Хаг, неговиот претходник, е на трето место на оваа листа со дури 54,69% победи.